Французите си ги продаваат добиените Божиќни подароци!

Французите најчесто продаваат облека што ја добиле затоа што не им се допаѓа, или пак, големината не им одговара. Се продаваат играчки и книги.

Како што пишуваат француските медиуми, француските граѓани последните години ги продаваат оние подароци кои не им се допаѓаат.  За продажба ги користат онлајн платформите. Најмалку 650.000 нови предмети се регистрирани за продажба на платформата „Ракутен“ на католичкиот Божиќ.

 

 

Се очекува околу три милиони Французи да ги продадат подароците коишто ги добиле овој Божиќ.

Сепак, според истражување на агенцијата Фератум од претходните години, Германците најмногу трошат пари за божиќни подароци.

 

faktor.mk