Полската новинска агенција ги објави 26-те најдобри спортисти на Европа за 2024 година, како резултат од гласањето на 19 водечки медиумски организации во светот, известува Анадолу.
Францускиот пливач Леон Маршан, кој освои 4 златни медали на Олимписките игри во Париз 2024 година, го освои првото место на гласањето во кое учествуваше и Агенција Анадолу.
На второто место на листата се најде словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар, додека шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис го освои третото место. Листата на најдобрите 26 спортисти на Европа изгледа вака:
1. Леон Маршан (Франција – пливање) 155 поени
2. Тадеј Погачар (Словенија – велосипедизам) 148 поени
3. Арман Дуплантис (Шведска – атлетика) 142 поени
4. Јаник Синер (Италија – тенис) 113,5 поени
5. Макс Верстапен (Холандија – Формула 1) 71 поен
6. Родри (Шпанија – фудбал) 53 поени
7. Марко Одермат (Швајцарија – алпско скијање) 49 поени
8. Јарослава Махучих (Украина – атлетика) 43 поени
9. Ремко Евенепул (Белгија – велосипедизам) 36 поени
10. Никола Јокиќ (Србија – кошарка) 35 поени
11. Сифан Хасан (Холандија – атлетика) 27 поени
12. Арина Сабаленка (Белорусија – тенис) 26 поени
13. Хари Лаврејсен (Холандија – велосипедизам) 25 поени
14. Фемке Бол (Холандија – атлетика) 21 поен
15. Јоханес Тингнес Бе (Норвешка – биатлон) 19 поени
16. Александр Усик (Украина – бокс) 14 поени
16. Сара Шестрем (Шведска – пливање) 14 поени
18. Новак Ѓоковиќ (Србија – тенис) 12 поени
19. Нафисату Тиам (Белгија – атлетика) 11 поени
19. Карлос Алказар (Шпанија – тенис) 11 поени
21. Паола Егону (Италија – одбојка) 10 поени
22. Ламине Јамал (Шпанија – фудбал) 9 поени
23. Џуд Белингем (Англија – фудбал) 7 поени
23. Ига Свијатек (Полска – тенис) 7 поени
23. Јозеф Достал (Чешка – кану) 7 поени
23. Николо Мартиненги (Италија – пливање) 7 поени.