Судскиот панел на Специјализираните совети на Косово во Хаг донесе првостепена пресуда за единствена казна од 4,5 години затвор и парична казна од по 100 евра на претседателот на Здружението на воени ветерани на ОВК, Хисни Гуцати и потпретседателот Насим Харадинај, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обвинетите Гуцати и Харадинај се прогласени за виновни по точка еден за попречување на службено лице во вршење на службена должност со сериозни закани, по точка два од обвинението за попречување на службено лице во вршење на службена должност со учество во заеднички активности на групата, по точка три за заплашување во текот на кривичната постапка, по точка пет од обвинителниот акт за повреда на тајноста на постапката со неовластено откривање на тајни информации и по точка шест за повреда на тајноста на постапката со неовластено откривање на идентитетот и личните податоци на заштитени сведоци.
Судскиот панел ги ослободи обвинетите од точките четири, кои ги товарат за одмазда.
Судот ги осуди двајцата обвинети на по четири и пол години затвор, со задолжение да им се одбие времето поминато во притвор и изречена парична казна од по 100 евра.
Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).