Хакерски напад на Украински државни веб-страници

Неколку украински државни веб-страници, вклучително и почетните страници на Владата и Министерството за надворешни работи, денеска беа мета на голем хакерски напад,објави Ројтерс.

Украинските власти соопштија дека оваа недела виделе предупредувања на интернет дека хакерите се подготвуваат да извршат големи напади врз владините агенции, банките и одбранбениот сектор.

Киев за овие напади ја обвини Русија, но од таму негираат каква било вмешаност.

Фото:

The Guardian