Изминатава недела припадниците на хеликоптерската единица при Одделот за воздухопловни единици во МВР како резултат на долгогодишната успешна соработка со полициското аташе при амбасадата на Република Словенија во нашата земја, Бранко Скрбинек реализираа обука за нивно оспособување со конкретни вештини за активности и мисии при справување со пожари.
Еднонеделната практична обука беше успешно спроведена од страна на словенечкиот пилот инструктор Игор Подјед и техничарот – летач Ванч Жнидаршич од хеликоптерската единица на словенечкото МВР, при што беа реализирани обуките за ,,Подвесен товар“ – Helicopter Sling Load Operations HESLO 1 и за работа со “противпожарно ведро“ – Helicopter Firefighting HFF, кои успешно беа совладани од сите припадници на хеликоптерската единица.