Холандија спречила инфилтрација на руски шпион во Меѓународниот кривичен суд

Холандските власти соопштија дека спречиле руски шпион да се инфилтрира во Меѓународниот кривичен суд, кој лажно се претставувал како практикант од Бразил. Мегународниот кривичен суд (ИЦЦ) требаше да ги истражи воените злосторства наводно извршени од страна на руските војници за време на инвазијата врз Украина.

Генералната служба за разузнавање и безбедност на Холандија (АИжВД) на 16 јуни објави дека осомничениот идентификуван како Сергеј Владимирович Черкезов дошол во земјата во април користејќи измислена приказна што ја градел во последните 12 години.

 

Радио Слобона Европа