Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп во интервјуто за „Радио Слободна Европа“ беше прашанкако Владата се справува со корупцијата на што тој одговори дека не гледа прогрес.
- Па, не гледаме некој напредок, напротив сметаме дека работите се влошуваат. Постои корупција насекаде, конфликт на интереси, влијание врз невладиниот сектор, непотизам, клиентелизам, а препораките од Државната комисија за спречување корупција и Народниот правобранител не се почитуваат од никој.