Српскиот новинар Владан Радосављевиќ, почина на 62 години откако го искасале кучиња во селото Велика Иванча, Младеновец.
Ситуацијата е уште полоша, бидејќи во критична состојба е и неговата сопруга Олга, 58г. која пак се обидела да му помогне кога го нападнале кучињата.
Таа со лекари од Итната помош била пренесена во Ургентниот центар и е во тешка состојба.
Како што претходно објавија медиумите, кучињата го искасале Радосављевиќ за нозете и рацете, при што бил тешко повреден. Лекарите се обиделе со реанимација, но тој починал.
Радосављевиќ беше новинар, порано на НТВ Студио Б, како и еден од основачите на ПГ Мрежа.
фото: РТС