Низ цела Хрватска владее тага поради страшната трагедија што се случи овој петок во основното училиште „Пречко“ во Загреб. Во нападот со нож загина едно дете, а повредени се учителката и шестмина ученици, од кои некои потешко. 19-годишниот ментално болен напаѓач, кој и самиот учел во тоа училиште, се обидел да се самоубие, но бил спречен и уапсен.
DW