Хрватски капетан доби 30 години затвор во Турција, на неговиот брод бил најден кокаин

Капетанот на долги релации од Сплит, Марко Бекавац е осуден на 30 години затвор пред судот во Турција.

Станува збор за неправосилна пресуда, која го шокира семејството и хрватските морнари, објави Слободна Далмација.

Тој е обвинет за командна одговорност бидејќи на бродот со кој командувал бил пронајден речиси половина тон кокаин, прво во Колумбија, а потоа и при враќањето на бродот во Турција.

Бекавац веќе една година е во затворот во Анкара.