Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер побара, а битолската публика послуша – на полувремето на дербито со Вардар во Суперлигата теренот беше преплавен со плишани играчки.
Слично како и пред неколку години во салата „Боро Чурлевски“ се организира хуманитарна акција со фрлање на играчки на теренот. По звукот на сирената публиката одговори и го послуша апелот на клубот.
Овие плишани играчки ќе бидат донирани за божиќните празници на децата од ранливите категории.
gol.mk