На граничниот премин „Табановце“, на влез во државава, запленети се 422 парчиња шминки и козметика, соопштија од Царинската управа.
Козметиката е процената во вредност од речиси 190 илјади денари.
Стоката била откриена од оперативниот тим, при детален преглед со скенер во торба.
Како што информираа од Царина, шминката била скриена во кабина на товарно моторно возило со штипски регистарски таблички.
извор: Царинска управа