Царинската управа и МВР формираа заедничка единица за борба против недозволена трговија на аеродромот во Скопје

Денес и утре, во Белград, директорката на Царинската управа м-р Славица Кутиров, учествува на вториот состанок на Управувачкиот комитет на проектот на UNODC (Канцеларија за борба против криминал и дрога при Обединетите Нации) и Европска Унија за промовирање на владеењето на правото и добро управување преку насочени мерки за гранична контрола на аеродромите во регионот на Западен Балкан и Југоисточна Европа.

На состанокот учествуваат високи претставници на Канцеларијата за борба против криминал и дрога при Обединетите Нации и Европската Комисија, како и директори на Царините и Граничната полиција на земјите од регионот.

Дел од темите на кои се дискутира на состанокот е формирањето на посебна меѓуагенциска група на Меѓународниот аеродром во Скопје, која, со посебни надлежноси, која ќе започне да работи веќе следниот месец. Целта на оваа група и активностите кои UNODC ги презема во соработка со СЦО, Интерпол и ЕУ, е зајакнување на капацитетите на граничните власти во земјите од Западен Балкан во борбата против организираниот криминал, преку поддршка на ефективни и координирани акции за откривање на недозволена трговија.