Цената на природниот гас во Европа порасна за 42 проценти во мартовските фјучерс договори поради руската интервенција во Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Цената на мартовските фјучерс договори со кои се тргува на ТТФ, виртуелна платформа за тргување со природен гас со седиште во Холандија, вчера се затвори на 88 евра за мегават-час.
Цената на природниот гас, според тие договори, денеска напладне достигна 125 евра.
Според тоа, цената на природниот гас во Европа порасна за 42 отсто во однос на вчерашното затворање.
Цените растат поради руската воена интервенција во Украина и зголемената загриженост за испораките на гас во Европа.
Земјите членки на Европската Унија (ЕУ) во моментот обезбедуваат околу 40 отсто од своите потреби за природен гас токму од Русија.
извор: Агенција Анадолија (АА).