Цената на нафтата денес забележа зголемување откако лидерката на Европската комисија предложи нафтено ембарго кон Русија, известува Агенција Анадолија (АА).
Меѓународната референтна цена на нафтата од типот Brent изнесува 108,63 долари по барел, што е скок од 3,49% на претходната цена која изнесуваше 104,97 долари по барел.
Цената на американската референца West Texas Intermediate (WTI) достигна 106,14 долари по барел, по зголемувањето од 3,64 отсто на претходната цена од 102,41 долaри по барел.
Европската комисија предлага „потполна забрана за увоз на нафта која се испорачува по морски пат и низ нафтоводи, како сирова, така и рафинирана“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. во текот на пленарната седница на Европскиот парламент во Франција.
По усвојувањето, забраната за увозот на сировата нафта би стапила во сила 6 месеци подоцна, а забраната за рафинираните нафтени деривати до крајот на годината.
Фон дер Лајен истакна дека санкциите „го максимизираат притисокот врз Русија“, а одлагањето би му дало можност на европскиот блок да ја „минимизира колатералната штета“.
ЕУ во 2021 година увезува околу 30% од руската сирова нафта, објави Меѓународната агенција за енергетика (IEA). Во Европската унија Германија е најголем потрошувач на руската нафта со околу 555.000 барели дневно во 2021 година.
извор: Агенција Анадолија (АА).