Централната банка на БиХ очекува инфлација од над 9 отсто

Централната банка на Босна и Херцеговина денеска предупреди дека земјата годинава ја очекува голем раст на инфлацијата поради неповолните економски влијанија и постојаниот раст на цените, предизвикани од руската инвазија на Украина.

„Инфлацијата за првата половина од годинава ја проценуваме на 9,2 отсто“, се наведува во соопштението на банката.

 

извор/фото: Радио Слободна Европа