Црвениот мерцедес од Марадона на продажба

Клучевите од овој Mercedes на легендарниот фудбалер му ги дал самиот Хуан Мануел Фанџо.

На аукцијата Bonhams Paris Sale 2023 ќе се најде црвениот Mercedes-Benz , еден од автомобилите што му припаѓаа на легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона.

Покојниот Марадона го доби овој класичен Mercedes од група навивачи додека играше за својот прв професионален клуб, Бока Јуниорс од Буенос Аирес.

Еден од најголемите возачи на мото-трки, петкратниот светски шампион во Ф1, Хуан Мануел Фанџо, беше тој што му го предаде новиот автомобил на Марадона. Во тоа време Фанџо беше сопственик на единственото официјално застапништво на Mercedes во Аргентина.

Mercedes-Benz 450 SLC 5.0 од 1980 година има голем број опции, вклучувајќи електричен подвижен кров, клима-уред и темпомат.

Тоа беше еден од само 816 специјални хомологациски примероци, што му овозможи на овој модел да се натпреварува во Светскиот шампионат во рели, со редизајниран мотор и полесна каросерија.

Под хаубата се наоѓа 5,0-литарски мотор со 243 КС, со чија помош ова купе достигнува максимални 209 км/час.

Откако Марадона подоцна го продаде, автомобилот беше дел од неколку приватни колекции во Аргентина, а потоа беше увезен во САД.

Се нуди во одлична состојба, со помалку од 62.000 поминати километри. Bonhams очекува автомобилот кој беше во сопственост на Диего Марадона да достигне цена помеѓу 150.000 и 250.000 евра на аукцијата во февруари, 2023 година.

 

 

kajgana.com.mk