Црногорци во последните три дена вратиле 19 пиштоли и 14 пушки.
Полициската управа на Црна Гора соопшти дека граѓаните во последните три дена во повеќе црногорски градови доброволно вратиле 19 пиштоли, 14 пушки, 496 парчиња муниција, како и повеќе делови од оружје. Оружјето го вратиле како дел од кампањата „Почитувај го животот, врати го оружјето“ која се спроведува долги години.
„Апелираме до сите сограѓани да дадат свој придонес за севкупната безбедност на општеството и да ги предадат огненото оружје, муницијата и експлозивните направи што ги поседуваат, без никаква законска, односно кривична или прекршочна одговорност и без разлика дали го поседуваат оружје противправна или легална сопственост“, велат од Полициската управа.
Во престрелката што се случи на 1 јануари во Цетиње загинаа 12 луѓе. Напаѓачот Ацо Мартиновиќ (45) се самоуби по масакрот. Тој имал психички проблеми, му препишале терапија, но не го однеле на лекување во здравствена установа. Во Црна Гора е прогласена тридневна жалост. Пред две години во Цетиње имаше масакр кој го изврши Вук Бориловиќ, кого полицијата го уби.
faktor.mk