ЦУК : Добиена пријава за паднато дрво на ул.,,Анкарска” кај популано именуваниот реон ,,Млечен ресторан”.

Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на ул.,,Анкарска” кај популано именуваниот реон ,,Млечен ресторан”.

Паднатото дрво има оштетено 3 автомобили.

Полиција е на лице место и настанот е пријавен во ЈП ,,Паркови и зеленило” за да го отстранат паднатото дрво од улицата. Исто така, дрвото, при паѓањето, има скинато кабли од бандера.

Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација (СОК), паралелно со известувањето на Полицијата, се известени и координирани надлежните институции за санација на скинатите и откачени кабли.

 

 

 

4news.mk