Денеска, операторите од Струмица на Единствениот број 112 во ЦУК им помогна на повредените лица од сообраќајна несреќа меѓу две моторни возила на територија на Република Грција, за да добијат Итна медицинска помош и да бидат медицински згрижени, а и да биде известена тамошната полиција.
Конкретно, сообраќајната несреќа се случила, во период малку пред 13.00 часот, во близина на првата патарина при влез од грчка страна кон преминот Богородица – Евзони. Откако се созеле по сообраќајката, патниците свртеле 112 за да бараат помош, бидејќи имало и повредени. Први ги добиле операторите на Единствениот број за итни случаи 112 во Регионалниот ЦУК Струмица, коишто веднаш на англиски се разбрале, оствариле конференциска врска со колегите од 112 од Грција, а и со колегите во ЦУК Скопје, по што грчката Итна медицинска помош и Полиција биле известени и им помогнале на повредените.
Ова е уште еден пример, во низата, кога преку Единствениот број за итни случаи 112, независно дали повикот е прифатен од операторите на Република Грција или од Република Северна Македонија, во заедничка соработка се спасуваат граѓани од двете држави коишто биле во животозагрозувачка ситуација. информираат од ЦУК.