РЦУК Тетово, известува дека од последниот контакт со ПС Групчин во 17:40 часот добиена е информација дека сеуште не е пронајдено лицето возач и евентуални сопатници од автомобилот што излета во реката Вардар кај с.Желино. Од 16:45 часот освен специјализирана екипа од МВР, 6 припадници на ТППЕ Тетово и 6 вработени во Општина Желино во претрагата се вклучени и специјален тим нуркачи од ДЗС Велес. Потрагата е во тек, информираат од ЦУК.
ЦУК: Сеуште не е пронајдено лицето возач и евентуални сопатници од автомобилот што излета во реката Вардар кај с.Желино
