Четворица загинати и 38 повредени во силната експлозија во прометна пешачка улица во Истанбул

Гувернерот на Истанбул Али Јерликаја денеска изјави дека четири лица загинале, а 38 се повредени во силна експлозија која попладнево се случила во прометна пешачка улица во центарот на Истанбул.

Како што претходно објавија турските медиуми, експлозијата се случила нешто по 16 часот по локално време, кога во улицата имало многу луѓе.

Засега не се споменува причина за експлозијата. Петмина обвинители се одредени за истрагата.

фото: PRTSC