Чибишев: Европските институции за контрола и безбедност на храната алармираат за присутна голема концетрација на жива во конзервирана риба-туна

Европските институции за контрола и безбедност на храната алармираат за присутна голема концетрација на жива во конзервирана риба-туна и повикуваат на внимателност и построги контроли на храната која се увезува во земјите на ЕУ, пишува на социјалните мрежи Андон Чибишев од Клиниката за токсикологија.

– Некои примероци имале дури 13 пати повисока концентрација на жива од дозволената. Живата е тежок метал чии соединенија внесувани во организмот можат да предизвикаат тешки неповратни оштетувања на централниот нервен систем, бубрезите и коскената срцевина. Депонирани во човечкиот организам можат таму да останат со години. Предизвикуваат сериозни оштетувања на мозокот и периферните нерви, компромитирање на функцијата на бубрезите и пореметување во циклусот на зреење на клетките од крвната лоза, потсетува Чибишев.

 

 

Предупредува дека се особено опасни кај малите деца и трудниците.

Ги повика македонските институции задолжени за безбедност на храната на внимателност.