Членови на Црвена Младина од Ѓорче Петров изработија графит од ликот на Коста Солев (Рацин)

Членови на Црвена Младина од Ѓорче Петров изработија графит од ликот на Коста Солев (Рацин), цитирајќи ги неговите последни зборови: „Кажете ѝ на мајка ми нека не жали оти сепак ние ќе победиме!“.
Со изработката на овој графит, активистите разубавија дел од урбаниот простор, а истиот особено го привлече вниманието на најмладите во општината коишто преку прашања упатени до изведувачите на графитот учеа за значењето на еден од најистакнатите македонски интелектуалци.
Графитот се наоѓа во општина Ѓорче Петров на ул. Христо Батанџиев (екс-Социјалистичка Зора) – кај руските згради спроти игралиштето, стои во ФБ објавата од страна на Димитар Апасиев.