Шалот на Орбан ги налути Романија и Украина

Министерствата за надворешни работи на Романија и Украина го критикуваа унгарскиот премиер Виктор Орбан откако тој објави фотографии на Фејсбук на кои се гледа како носи шал со карта на таканаречената Голема Унгарија, која вклучува територии на денешна Австрија, Романија, Украина, Словачка, Србија и Хрватска, објави slobodnaevropa.mk.

Во соопштението од 22 ноември, романското Министерство за надворешни работи рече дека Букурешт и го пренел своето „цврсто неодобрување“ кон Будимпешта поради сликите, додека Киев рече дека очекува „официјално извинување“ за нарушување на нејзиниот „територијален интегритет“.

„Секоја ревизионистичка манифестација, без оглед на формата што ја има, е неприфатлива, спротивно на сегашната реалност и на обврските преземени заеднички од Романија и Унгарија“, се вели во романската изјава.

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олех Николенко, на Фејсбук напиша дека „промоцијата на ревизионистички идеи во Унгарија не придонесува за развојот на украинско-унгарските односи и не е во согласност со принципите на европската политика“.

„Очекуваме официјално извинување од унгарската страна и отфрлање на какви било унгарски претензии на украинска територија“, додаде тој.

Орбан го носеше шалот на фудбалскиот натпревар во Будимпешта меѓу Унгарија и Грција на 20 ноември. Сликата ги прикажува границите на Унгарија од 1920 година.

 

Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk