Најмалку шест лица загинаа денеска во пожар што избувна во хостел во Велингтон, Нов Зеланд, а властите предупредија дека бројот на жртвите може да биде поголем. „За одреден број луѓе, сè уште не знаеме каде се, исто како што не можеме да го потврдиме бројот на загинати во овој момент“, соопштија од пожарникарите и итните служби на Нов Зеланд (FENZ).
Премиерот Крис Хипкинс за утринската телевизиска програма АМ изјави дека шест лица загинале, а полицијата соопшти дека очекува бројот на жртвите да биде помал од десет. Со оглед на тоа дека постои опасност од уривање на покривот, во хостелот кој има 92 соби засега не може да се влезе. Пожарот избувнал на последниот кат на Loafer Lodge во областа Њутаун во Велингтон нешто по полноќ, а неговата причина се уште не е позната.
index.hr