Косовската министерка за надворешни работи, Доника Гервала, ги повтори обвинувањата дека Србија стои зад експлозијата што се случи на 29 ноември, кога беше оштетена критичната инфраструктура на Косово – каналот Ибар-Лепенец.
„Србија ги копира руските стратегии и ги користи ставајќи ги во регионален контекст. Ова не е етничка тензија и не е спор меѓу Косово и Србија. Она што се случува пред нашите очи, и тоа со години, се зголемена ескалација и тензија и тоа е тест за она што Западот е подготвен да го прифати“, изјави таа.
Гервала зборуваше пред европратениците во Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент, каде што се одржа вонредна расправа за ситуацијата во Косово по настаните од изминатиот викенд.
slobodnaevropa.mk