Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, порача дека ситуацијата во Косово станува опасна и дека Брисел нема да го толерира тоа, јавува Анадолу.
„Многу сме загрижени за ситуацијата на северот на Косово, вонсудскиот притвор на косовските Срби, војниците на Косовските безбедносни сили маршираат јужно од Митровица, следени со тешката реторика на Србија“, напиша Борел на својот Твитер профил.
Истакна дека тензиите продолжуваат и покрај средбата со лидерите на Србија и Косово во Брисел.
„И покрај состанокот, ескалацијата продолжува и станува опасна. Тоа нема да го толерираме“, порача Борел.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.