(Шокантно видео) Пациенти од Бардовци се тепаат и снимаат клипчиња

Не ги следиме социјалните мрежи и не знаеме какви видео-снимки се објавуваат таму, ни одговорија од ЈЗУ Психијатриска болница во скопско Бардовци, откако денеска започнаа масовно да се споделуваат вознемирувачки видеа од пациенти кои меѓусебно се тепаат, објави Инфомакс . 

– Не ги следиме ние социјалните мрежи. Немаме Фејсбук. Не знаеме за какви снимки ни зборувате. Тоа што го знаеме е дека засега нема никаква пријава за тепачка во просториите на болницата – одговорија од ЈЗУ Психијатриската болница во Бардовци за Плусинфо.

Побаравме контакт од директорот на болницата Мусхин Арифи, но ни одговорија дека не смеат да даваат телефонски броеви.

Инаку, како што може да се забележи од снимките, штитеник во болницата е крвнички тепан од друг пациент по налог на трет пациент кој ги снима тепачките и ги објавува на социјалните мрежи.

Во продолжение погледнете ги видеата, но ве предупредуваме дека содржината е вознемирувачка:

извор: Инфомакс