Шпанија денеска од Шведска го презема ротирачкото претседавање со Советот на ЕУ, соопшти Европската унија.
Договорот од Лисабон (2007) утврди дека на секои 6 месеци претседавањето со Советот ротира меѓу земјите-членки на ЕУ.
Со шпанското претседателство започнува новата претседателска тројка, вклучувајќи ја Белгија која ќе претседава во првата половина и Унгарија во втората половина на следната година.
Триото дефинира долгорочни цели и подготвува заедничка програма со која се дефинираат темите и главните прашања со кои Советот ќе се занимава во период од 18 месеци.
Ова е петто претседавање со Шпанија, која стана членка на ЕУ во 1986 година.
Таа за прв пат претседаваше во 1989 година, потоа во 1995, 2002 и 2010 година.
rse.mk