Шпанската Влада одобри пократка работна недела

Владата на Шпанија, во договор со синдикатите, но без поддршка на најголемите здруженија на работодавците, одобри намалување работната недела од 40 часа на 37,5 часа без да се намалат платите.

Советот на министри денеска усвои нацрт-закон, кој двата најголеми синдикати (ЦЕОЕ и УГТ) го опишаа како историска мерка, од која потенцијално би имале корист 12 милиони работници.

Шпанската министерка за труд, Јоланда Дијаз истакна дека тоа е историски ден бидејќи е прво намалување на работното време во изминатите 40 години.

„Тоа не е само уште една економска варијабила, туку проект за земјата и мерка за модернизација на Шпанија“, истакна лидерката на левичарскиот сојуз Сумар, Дијаз.

 

 

slobodnaevropa.mk