На 04.01.2023 во 02.45 часот на ул.„Козара“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(19) од Штип, затоа што околу 01.30 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ одзел патничко возило, сопственост на мензата на болницата и со него удрил во бетонски столб.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
извор:МВР