Ѓоковиќ: „Моите две деца немаат телефон“

И покрај тоа што е најуспешен тенисер на светот и може да им дозволи сè на своите две деца, Новак Ѓоковиќ одлучи тие да не поседуваат мобилни телефони.

Пред неколку месеци, неговата сопруга Јелена привлече големо внимание кога откри дека 10-годишниот Стефан и 7-годишната Тара немаат телефони, а сега Ноле ја потврди нејзината изјава.

За време на гостувањето кај Иван Ивановиќ, Ѓоковиќ сподели дека е тешко во денешно време родителите да не им даваат телефони на децата, бидејќи сите имаат. Иако Тара и Стефан често се жалат дека се единствени во училиштето кои немаат телефон, Новак и Јелена се строги во овој поглед и сакаат да се почитуваат нивните граници.

„Денешната генерација има многу повеќе предизвици отколку што имавме ние. Ние немавме телефони.“

„Сите денес имаат телефони и таблети, тоа е неминовно. Ние живееме во дигитално време. Технолошкиот развој е ненормален.“

„Јас сум родител на две мали деца, кои имаат 10 и 7 години. Тие немаат телефони, бидејќи ние и понатаму се противиме и се бориме со сопругата. Но, тие малку по малку се жалат и ни велат дека сите на училиште имаат телефони и прашуваат зошто тие не можат да имаат. Не е лесно во таков амбиент, во таква средина“ – рече тој.

Новак зборуваше и за одлуката да ги запише своите деца на школо во Србија, а не некаде во странство.

„Често сум во странство поради работата, но по последните години најмногу сум тука со семејството и со децата. Јас сакам да сум овде, сакам моите деца да одат на училиште во Србија. Сакам да почувствуваат што значи Србија, затоа што тоа е и нивна земја“ – рекол тој, додавајќи дека Србите се небесен народ кој е предодреден за големи нешта.

femina.mk