Новак Ѓоковиќ по освоениот златен медал на ОИ во Париз, деновиве престојуваше во Црна Гора, а утрово бил „уловен“ и во Дубровник, Хрватска.
Тој во Дубровник има една од најлуксузните јахти, па веројатно таму ќе престојува уште некој ден, па ќе биде атракција за туристите и локалците.
Тој утрово бил фотографиран како опуштено и без маица на себе, трча низ улиците на Дубровник, а оние кои го одминувале, со неверување гледале во него, прашувајки се дали е навистина тој на улицата.
Многу луѓе го фотографирале, со цел да споделат дека тој престојува во Хрватска и дека се опушта со семејството.
sportclub.mk