„За Соња“ се двата збора кои Новак Ѓоковиќ ги напиша на стаклото од камерата по пласманот во осминафиналето на Австралија опен. Неговата поддршка силно одекна на спротивната страна на планетата.
Српскиот тенисер испрати поддршка од далечниот Мелбурн за тешко повредената студентка Соња Поњавиќ, која се наоѓа во болница откако вчера беше прегазена на тротоар во Белград при една од блокадите на улиците.
На крајот на минатата година, Ѓоковиќ ги поддржа студентите во нивната борба за правда по трагедијата во Нови Сад, но откако ситуацијата не се промени во првите денови од Новата година – напротив – зборовите на Новак со поддршка дојдоа до Соња, еден од бројните граѓани повредени при блокадите од наглите движења на возачот зад воланот.
„Соња имаше солидна ноќ, стабилна е и комуникативна. Немаше никакви компликации, па лекарите се надеваат на добро закрепнување и покрај видот на повредите. А денес строг надзор и контролни снимки“, напиша на социјалната мрежа „Х“ Предраг Воштаниќ, таткото на нејзината најдобра пријателка и цимерка.
„Таа мораше да остане во болница поради нималку наивни повреди на главата, на кои лекарите гледаат со загриженост, но со оптимизам“, додаде тој.
lokalno.mk