Пејачот Ѓорѓе Давид не може да дојде на себе откако се случи трагедијата во Кочани, а имал можност да запознае член на бендот додека работел во Македонија.
– Имав можност да запознаам еден од момците бидејќи често сум во Македонија и знам дека овие момчиња се многу актуелни и популарни. Ова не е трагедија само за Македонија или за Балканот, ова е трагедија од светски размери. Не се сеќавам да се случило вакво нешто, ова е огромен број млади луѓе кои требаше да бидат идни татковци и мајки. Имам многу измешани чувства затоа што имам слушнато од милион луѓе што ги познавам и тагата таму е огромна и не можев да замислам дека е така. Се спремам да одам во Македонија и имам потреба затоа што ги сметам за мој втор дом. Сакам да се сретнам со моите пријатели кои се таму и кои ги познаваа – започна Ѓорѓе Давид за „Блиц“ и додава:
– Страшно е колку клубови се „отворени“ и добиле работни дозволи иако не ги исполнуваат деведесет проценти од условите и стандардите и затоа има толку многу жртви. На луѓето во Македонија им кажав дека треба да се позанимаваат со тоа со што се занимаваат, бидејќи државата не се занимавала доволно со тоа. Мислам дека секој што има лиценци кои не се валидни, а на едно око намигнувале, ќе треба да одговораат и да кажат зошто ги имале документите – вели тој и додава дека целата ситуација дополнително треба да влије на воспитувањето на децата.
brif.mk