Јавен обвинител изврши увид на „Пластичарска“, каде е убиено едно лице, а две се повредени

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта вршеа увид на булеварот „Никола Карев“ каде со пукање од огнено оружје беше лишено од живот едно лице, а уште две се повредени.

Јавниот обвинител издаде наредби за вештачење на трагите прибирани од лице место, а се преземаат и други дејствија.

Министерството за внатрешни работи постапува за откривање на сторителите.