-Ние во континуитет на нашата политика и сега ќе предложиме закон за нивелирање на коефициентот на сложеност за просветните работници со минималната плата, а кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт ние ќе го направиме нивелирањето на тој коефициент според колективниот договор, рече Јаневска.
Таа исто така остро ги демантираше обвинувањата од страна на власта дека ВМРО-ДПМНЕ го политизира штрајкот на просветните работници.
-Од владата не обвинија дека го политизираме штрајкот. Јас остро тоа го демантирам дека не е така бидејќи тоа е континуитет на нашите политики и со полно право ги подржуваме наставниците и за тоа има многу аргументи. Уште кога стана збор за минималната плата ние поднесовме закон во собрание со кој побаравме нивелирање на коефициентот за администрацијата и наставниците и тогаш тоа беше одбиено, рече Јаневска. Ова не е политизирање на штрајкот, ова е континуитет на нашите политики а имаме правиме да се повикаме и на минатото. Кога шарените револуционери беа подржани од оваа влада, кога плениумите беа подржани од оваа влада, тоа беше социјално движење а ова сега било политизирање. Не е така. Заради лошото образование ние сега се наоѓаме во ситуација во која што се наоѓаме, истакна Јаневска.