Јаневска: 5000 наставници се вишок, но да не се плашат нема да ја изгубат работата

Министерката за образование Весна Јаневска во интервју за Телма вели дека околу пет илјади наставници се вишок, но истите нема потреба да стратуваат дека нешто ќе им се случи. Според неа има наставници кои никогаш не го исполниле целиот фонд на часови.

„Во иднина ќе мора да ги направиме овие наставници функционални. Тоа значи поголем нивни ангажман, подолг престој на училиште, а за тоа ќе добиваат повисоки плати. Ќе добијат многу неопходни обуки. Целодневната настава, едносменската настава, зајакнувањето на Бирото за образование, на Државниот испитен центар, на Државниот просветен инспекторат се пулови каде тие ќе си најдат место“, рече Јаневска

Од контактите што ги имам со нив, додаде, тие се спремни тоа да го направат исто како и Министерството, а позитивна волја гледаме и кај Владата.

„Се надевам дека со тек не време ќе го достигнеме сето тоа што е планирано“, потенцира Јаневска.

 

 

 

skopjeinfo.mk