Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека полицијата е одговорна за смртта на поранешниот премиер Шинзо Абе, кој беше убиен на 8 јули, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Коментирајќи го атентатот на Абе, кој беше убиен за време на предизборен митинг, Кишида рече дека безбедносните мерки на тој настан не биле доволни.
Началникот на полицијата во градот Нара, Томоаки Онизука, исто така, рече дека е невозможно да се негира дека имало проблеми со заштитата на Абе и со безбедносните мерки што требало да се преземат.
Абе беше застрелан во градите додека зборуваше на отворено во рамките на предизборната кампања за кандидат на Либерално-демократската партија во градот Нара.
По нападот тој со тешки повреди беше пренесен во болница, за по кратко време да биде констатирана смрт.
Јапонија, каде што само 6 лица загинаа во оружени напади во 2014 година, е земја со најниска стапка на криминал поврзан со оружје во светот.
Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).