„Ја закопавме мама, а сега тебе те закопувам, која судбина ја имам на овие 19 години? “,преживеаната Марија со објава полна болка и тага

Младата Марија Тасева успеа да се спаси од пламените јазици што ја зафатија дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија која однесе 59 животи. Меѓу жртвите е и нејзината постара сестра, Лепа.

Со емотивна објава полна со болка , Марија се простува од својата сестра.

-Не требаше вака да биде сестричке, сега почнаа твоите најубави години. Се вратив по тебе во диското за да те најдам, ама не ми дозволија да влезам, не можев да те спасам. Да ми дозволеа може ќе те спасев или ќе изгоревме заедно, ама битно заедно ќе бевме. Извини што не можев да влезам, извини многу. Ми кажа дека никогаш нема да ме оставиш, дека ќе ме чуваш, ќе бидеш до мене. Ама на неочекуван начин не’ напушти, да знаев дека последен пат ќе те видам во диското, ќе те гушнев и ќе горевме заедно. Оваа болка не се издржува. Ја закопавме мама, а сега тебе те закопувам, која судбина ја имам на овие 19 години? Секогаш ќе бидеш во моето срце сестричке, непребол…држете се со мама горе, НАЈМНОГУ ВЕ САКАМ, пишува младата Марија на социјалните мрежи простувајќи се од својата сестра Лепа.

Семејството пред две години доживеало уште една трагедија, кога починала мајката на двете девојките.

По пожарот во дискотеката „Пулс“, Марија се здобила со повреди при евакуацијата откако поради стампедото кое настанало паднала, а врз неа газеле други лица кои панично се обидувале да се спасат.

 

prv.mk