Ја снема новогодишната елка во Радовиш – дали е украдена или општината не ја платила фактурата?!

Ја снема новогодишната елка во Радовиш. Според информациите, елката ја снемало во неделата околу 14 часот, а според првичните информации истата е УКРАДЕНА.

Сепак, има и друга информација.

Неофицијално, фирмата која била задолжена за украсување ја повлекла елката, откако од општина Радовиш не им биле исплатени средства.

Извор: 4news.mk
фото:4news.mk