Ја убил сопругата и барал начини на „Гугл“ како да се ослободи од телото

Брајан Волш (47) е осомничен дека ја распарчил сопругата Ана Волш (39) на Нова година додека бил во домашен притвор чекајќи ја пресудата поради обвинение за измама.

Според новите информации, се сомнева дека ја распарчил во подрумот, пишува LAMag.

 

Откако, како што се сомневаат, го извршил ова дело, ги одложил нејзините останки во печката за согорување.

 

Брајан Волши (47) денеска треба да биде обвинет за убиство во судницата во Квинси, откако окружниот обвинител на округот Норфолк Мајкл Морисеј го нарече „интензивна истрага“ за исчезнувањето на неговата сопруга.

Ана Волш, 39-годишна мајка на три деца, била пријавена за исчезната од нејзиниот работодавец на 4 јануари, три дена откако последен пат била видена во градот Кохасет на брегот Тони.

 

Дополнителни детали во истрагата и докази кои ги поддржуваат овие обвиненија најверојатно ќе бидат презентирани на судењето, но нема да бидат откриени во овој момент – рече Мориси.

 

Извори запознаени со случајот велат дека телефонскиот сигнал на Брајан бил лоциран на две депонии и центри за рециклирање кои користеле горилници, едната во Абингтон, а другата во Броктон, две предградија на јужниот брег на Масачусетс во близина на имотот на семејството Волш во богатиот град Кохасет.

 

Има голема количина на физички докази собрани на различни локации, но малку е веројатно дека ќе биде пронајдено тело – изјави висок полициски функционер за LAMag.

Да потсетиме дека сопругот на исчезнатата Ана Волш е осомничен за нејзиното убиство, три недели откако таа исчезна на Нова година, објави DailyMail.

 

Против него полицијата со недели составувала предмет за кој се претпоставува дека има докази, како крв пронајдена во подрум и крвава секира, пишува Блиц.

 

hayat.ba