Откако околу 40 туристи од Македонија кои патувале во Грција во аранжман на „ЈК травел“ се пожалија дека останале на улица, со реакција се јавија од посочената агенција.
Оттаму велат дека се работи за недобразбирање.
Не им се откажани аранжманите. Се работи за недоразбирање. Туристите ќе спијат во хотелот не само вечерва туку до крајот на одморот до недела. Никој не беше исфрлен туку таква порака добиле од менаџментот на хотелот. Повторувам се работи за недоразбирање-велат за „Република“ од „ЈК травел“.
Прехтодно десет семејства стравуваа дека ноќта ќе ја поминат на улица наместо во хотелот Gerakini Sitonia vilage бидејќи добиле порака да го напуштат.
физвор: Република