Јовановиќ: За 212 дена се отстранети 2.350 лице од питачење, и чистење на автомобилски стакла

Проектот „СТОП ЗА ПИТАЧЕЊЕ И ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦАТА И НИВНОТО ЗДРАВЈЕ„ се спроведува без запирање и за само 7 месеци од како е започнат Проектот“, нашите волонтери одржуваат дежурства во 4 смени од 35 мобилни екипи на целата територија на град Скопје, по 8 часовни смени секојдневно од понеделник до недела на сите локации каде што ги има питачите и чистачите на автомобилски стакла, вели Илија Јовановиќ, Претседател на Здружението ГРАДИМЕ ИДНИНА СКОПЈЕ.

„До сега за 7 месеци се отстранети, предупредувани и опоменувани секојдневно на ден од 60 до 80 лица на возраст од новороденчиња, мали деца на возраст од 2 до 5 и 7 годни исто од малолетни деца на возраст од машки и женски се од 8,9,10,11,12,13, па се до нивна 15 годишна возраст кои се постојано на улица, под ведро небо со питачење, чистење и бришење на автомобилски стакла по булевари, семафори и т н . Родители и лажни родители се на возраст од 13,14,15 до 17,21,22,23,24, па се до 26,27,28 и од 30 до 37,39,41,43,44,46,48 па се до 50,55,57 и 60 години питачи, непознати сторители и невистински родители кој држат други деца од други непознати биолошки родители. Нивното работно време и питачењето со чистење на автомобилски стакла им започнува од 9 ч наутро, а трае до 01:30 а некогаш и до 3 или 4 часот наутро сме морале да дежураме и до 5 ч наутро. Многу малолетни и возрасни деца и родители користат лепила и дуваат постојано и имаат кеси со лепило за дување на лепило и се во несвесна состојба. Повеќето лица постојано носат со себе остри предмети и сечила од ножеви, скалпери и други остри предмети кој еден напад јас лично сум го имал од лице кое користи лепило и е под постојана несвесна состојба. За 212 дена се отстранети 2.350 лице од питачење, и чистење на автомобилски стакла“, вели Јовановиќ.

„Во оваа прилика сакаме да искажеме огромна благодарност до сите медиуми, главни уредници, новинари, дописници, Пивара АД Скопје, Макпетрол АД Скопје, ПЗУ Филип Втори, ЈСП Скопје, МЖ Транспорт. Без вашата поддршка и поддршката од нашите поддржувачи овие постигнати резултати немаше да ги има. Исто така сакаме да искажеме огромна благодарност на Полициска станица Центар и вработените за вклучување на овој проект, Командирот на ПС Центар Г-дин Љупчо Ѓурчевски со вработените, бројот 192 24/7 дежурната полиција во цела Македонија најмногу која беше покрај нас и вклучена во Проектот, Кабинетот на Министерот за внатрешни работи и Претседателот на РСМ Г – Дин Стево Пендаровски“, додава Претседателот на Здружението ГРАДИМЕ ИДНИНА СКОПЈЕ.

Јовановиќ додва дека проектот не застанува и дека продолжуваат да се додека не се отстрани и последното дете и новороденче од питачење како и да се открие секоја злоупотреба на децата.  Тој додава дека ќе работат и низ цела Македонија.

„Нашите анализи покажуваат дека бројката на питачи и чистачи трипати дупло е зголемена секојдневно. Особено сме задоволни дека за само 7 месеци колку голема бројка сме отстраниле питачи и чистачи од автомобилски стакла Бараме повторно гостување, поддршка и помош на овој Проект да продолжи со ваша помош. Потребна ни е целосно поддршка за уште 12 месеци од овој Проект со цел да се отстрани и последното дете и новороденче од питачење и злоупотреба на децата.

-Целта на овој проект е целосно искоренување на злоупотребата на децата за питачење, вклучување на децата предмет на злоупотреба во системот на образование и нега на деца како и работа со родителите со цел оттргнување од оваа девијантна појава. Нашата работа не престанува. Ние продолжуваме заедно со Вас, хуманите граѓани и компании, секојдневно да им помагаме на овие семејства и луѓе и да ги водиме битките кои тие не можат сами за себе да ги водат. Придружете ни се заедно да ГРАДИМЕ ИДНИНА за социјалните ранливи и маргинализирани категории.
Ви посакуваме добро здравје, многу успеси и Божји благослови, велат од Здружението ГРАДИМЕ ИДНИНА СКОПЈЕ!

извор: Здружението ГРАДИМЕ ИДНИНА СКОПЈЕ

фото:

Vrabotuvanje.com