ЈП Национални шуми: Локализиран пожарот кај валандовско

На ден 07.08 2022 година е добиено известување од вработено лице во подружницата “Саланџак” од Валандово, од место за набљудување “Пожар”, дека на место викано Оџа Бурум е настанат пожар вон шума. Пожарот е предивикан од запалена депонија, а зафатил површина од околу 6 ха, меѓутоа со стручниот пристап и одговорноста на вработените е допринесено пожарот да не навлезе во шума и направи поголема штета, во најблиската шумско-стопанска единица обрасната со даб прнар и останати видови.
Со брзото и навремено пристигнување на местото на настанатиот пожар, дежурната мобилна екипа од осум лица од подружница Саланџак и пет лица од ТППЕ од Валандово, пожарот е локализиран и ставен под контрола.
-информираат од ЈП Национални шуми.