Како дел од проектот за реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ денеска ЈП Охридски Комуналец започна со работни активности за засадување на новиот дрворед.
Согласно проектната документација, ќе бидат засадени вкупно 96 стебла од видот Malus, а денеска се посадени 29 стебла.
извор: ЈП Охридски Комуналец