Ќерката на босанскиот фудбалер Един Џеко ја покажа својата хуманост и ја донираше косата за деца болни од рак. Инспирирана од мајка си Амра, 8-годишната Уна ги подари прамените во Здружението „Срце за децата болни од рак“ од каде ги објавија фотографиите.
„Драги другари, многу ве сакаме и секогаш мислиме на вас. Уна Џеко“ – стои во пораката на хуманото девојче.
„Нашето драго девојче Уна се придружи на армијата деца, кои својата коса ја подарија за насмевката на децата кои, за жал, ја изгубија својата коса. Пример на Уна е нејзината мајка Амра Џеко, која веќе двапати ја има донирано својата коса.“
„Како што имаме кажано милион пати претходно, пресреќни сме што родителите ги воспитуваат и со својот пример ги учат децата да бидат емпатични и да помагаат.“
„Нашиот проект ‘Моја коса твоја коса’ точно собира токму такви дијаманти. Благодариме за косата, Уна, но најмногу за љубовта што им ја испрати на твоите другарчиња“ – стои во описот на албумот.
femina.mk