Џенифер Лопез наскоро ќе се вика Џенифер Афлек откако поднела документи за легална промена на презимето за да одговара на нејзиниот сопруг Бен Афлек, по веста дека парот се венчал за време на викендот во Невада.
Судските документи покажуваат дека 52-годишната пејачка, наведена како „Странка 2“, побарала „ново име“ на апликацијата за извод на брак, која прво била примена во саботата, 16 јули, а во неделата била поднесена до канцеларијата на округот Кларк.
Бен е наведен како „Странка 1“ во документот, а неговото целосно име е наведено како „Бенџамин Геза Афлек“.
Венчавката на двојката се одржала доцна во саботата навечер и продолжила во неделата рано наутро во Малата бела капела во Лас Вегас, каде што го кажале своето судбоносно „Да“ опкружени со мала група пријатели и семејството.
Парот, кој ја обнови својата романса минатата година по 17 години, добил дозвола за брак во саботата, 16 јули, според судските записи.
Лопез ја потврди веста во нејзиниот билтен за обожавателите On The JLo, кој го потпиша како „Џенифер Лин Афлек“.
Таа, исто така, ја опиша нивната „најдобра ноќ досега“ и изјави дека нивните деца биле „најдобрите сведоци“.
karmin.mk