На 13.02.2023 во 17.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар во с.Огњанци, скопско, било забележано тело на машко лице.
Телото било извадено од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
фото: Архива